ВИТАМИН Б12 И ИСХРАНА БЕЗ ЖИВОТИНСКИ ПРОДУКТИ

Кобаламин или витамин Б12 игра важна улога во метаболизмот на секоја клетка од човечкиот организам. Тој е важен за одвивање на нормална функција на мозокот и целиот нервен систем, како и за формирање и правилна фуннкција на црвените крвни клетки. Овој витамин се создава од страна на бактерии кои содржат ензими важни за негово синтетизирање. Животните кои преку храната ги внесуваат тие бактерии можат овој витамин да го складираат, и затоа животинската храна како месото, јајцата, рибата и млечните производи се препорачуваат како извор на Б12. Заради таквите препораки многу луѓе кои практицираат веганска (неживотинска) храна стравуваат и бараат информации за евентуална опасност од недостаток на витамин Б12.

Средината во која ние живееме не е стерилна и ние сме опкружени со голем број бактерии и други микроорганизми кои ги има и во нашиот дигестивен тракт. Во дебелото црево на луѓето има многу бактериски видови меѓу кои и бактерии кои создаваат витамин Б12. Во пракса, дефицит од витамин Б12 кај пациентите е многу редок, и тој се јавува во склоп на целосна потхранетост на луѓето односно при состојби на целосно гладување и недоволен внес на храна. Од друга страна, потребите за витамин Б12 се многу мали (во просек околу 1 микрограм дневно). Резервите од овој витамин кои ги има во организмот на човекот се далеку поголеми од неговите дневни потреби.

Сепак, луѓето кои се стрикни вегани, и покрај способноста на организмот за акумулација на овој витамин во количини потребни за неколку години, заради безбедност би требало да земаат во просек по 5 микрограми витамин Б12 дневно.

Суплемент на витамин Б12 може да се најде како цијанкобаламин, метилкобаламин, хидроксикобаламин и аденозилкобаламин. Суплементите кои содржат цијанид не треба да се користат заради токсичноста на цијанидната компонента во нив. Дозите во кои се нудат овие суплементи се далеку поголеми од потребните (дури 500 микрограми), затоа доволно е да се земаат еднаш неделно, а после два до три месеци да се направи лабораториска проверка на нивото на витамин Б12 во крвта. Нормалните вредности се околу 150 пикограми на милилитар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *