РИБАТА НЕ Е ЗДРАВА ХРАНА

Не знам по кој пат пишувам на тема дека рибата не спаѓа во здрава храна. За таквиот мој став многупати сум критикувана, но тоа не значи дека се менуваат фактите кои ја потврдуваат мојата теза, дека рибата не е здрава храна. Мускулите на рибата не се поинакви од било кои други мускули. И тие содржат „кисели“ протеини, содржат холестерол и поголемо или помало количество штетни масти. Покрај тоа во рибата многу често има и разни микроби, хемиски загадувачи од околината и сл.

Во рибата може да се содржи поголемо количество жива која многу често е загадувач на морските води. Рибата ја апсорбира и ја складира живата од морето…

 

Јадењето риба не го намалува ризикот од срцеви болести. Многу студии во светот го докажаа тоа. Но сепак тие резултати или не се јавно публикувани или намерно не им се придава поголемо значење. Еве еден од многуте студиски извештаи кои го потврдуваат тоа:

По прегледот од над 15 159 артикли(од 2006 година)  кои вклучуваат 48 студиски процедури во кои биле вклучени 36 913 учесници кои консумирале рибино масло или консумирале месо од мрсна морска риба, се покажало дека не постои бенефит по здравјето на срцето. Резулататите се објавени во British Medical Journal

Јадењето риба го зголемува нивото на холестерол во крвта исто како што тоа се јавува при консумирање на телешко или свинско месо.

Јадењето на риба која е одгледана на фарма за риба, не го намалува ризикот од контаминација. И фармерски одгледаните риби се контаминирани со загадувачи од околината но и со антибиотици кои се додаваат во нивната исхрана заради превенција на болести кај рибите заради затворените базени.  Отпадните води од базените во кои се одгледуваат рибите се дополнителен фактор за загадување на земјиштето и културите кои се одгледуваат во околината.

Заради сите овие и уште многу други причини, би требало многу повеќе луѓе посвесно да гледаат на работите и да сфатат дека рибата не е здрава храна која го штити нивното здравје, туку тоа е една од опасностите која како храна може многу да му наштети на организмот. Рибата е значаен дел во еко ланецот на природата и би требало да остане во своите природни живеалишта, односно во водите и водните резервоари на земјата каде ќе ја извршува својата вистинска функција.

Многумина на ова би кажале дека рибата мора да е здрава храна кога и многу религии ја вклучуваат во своите денови на постење, па така таа е најатрактивната храна на трпезите при прослава на таканаречените посни слави кај христијаните. Но сепак, вистинските изучувачи и практиканти на религијата знаат дека тоа не е така. Во една прилика кога присуствував на еден посен петочен ручек по повод одбележување на годишнината од смртта на мојата тетка, во ручекот имаше вклучено и риба. Се разбира дека јас и си фу Предраг ја одбивме рибата, но рибата од својот оброк ја исклучи и превославниот свештеник кој присуствуваше на настанот. Кога го прашав зошто го направи тоа, тој само кусо одговори, дека рибата не е посна храна.

Јас моите написи секогаш ги пишувам од аспект на медицинско гледиште а не од аспект на религиозно гледање на работите. Но ова го напоменав заради периодот во кој се наоѓаме и во кој следуваат повеќе православни слави кои според религиските убедувања би требало да бидат посни. Затоа ова нека биде еден мој придонес за зачувување на здравјето на верниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *