ПОСВЕТЕНО НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА

Она што може да се издвои како зголемен интерес од страна на читателите на 8-КА особено за овој месец е исхраната на децата и тоа во сите возрасти почнувајќи од доенечката па се до адолесценција. Во инбоксот на 8-КА има десетици такви прашања од родителите кои за волја на вистината се навистина многу посветени на тоа да изградат здрави животни навики кај своите деца.
Кога се во прашање децата, во однос на нивната исхрана треба да се знае дека откога ќе го напуштат мајчиното млеко, тие веќе во исхраната може да се однесуваат како мали возрасни и да јадат од се она кое значи здрава храна за возрасните. Тоа е компир, пченка, ориз, грав, сладок момпир, тиква и сл. Оваа храна треба да ги обезбеди најголемите калориски потреби на детскиот организам, без никаков страв за родителите дали детето со оваа храна прима доволно протеини, јагленихидрати, масни киселини, железо, цинк и друго. Единствено родителите мора да внимаваат детето да ги прима калориите во доволни количини за неговиот раст, значи да биде најадено а не гладно …
Кога родителите ќе разберат дека ваквиот начин на исхрана е најсоодветен и најздрав за нивните деца, тогаш воопшто нема да се плашат за тоа дали нешто им недостасува на децата во исхраната и сосема свесно и рационално ќе можат да ги гледаат и слушаат пораките на производителите на храна кои успеваат да пронајдат најсоодветни зборови за да направат добра продажба на своите производи. Така на пример, млекарите ќе го нудат своето млеко како добар извор на калциум за детските коски, производителите на месо ќе нудат добро говедско месо кое наводно ќе ја победи анемијата кај децата, јајцата ќе бидат презентирани како најдобра храна за децата бидејќи содржеле наводно добри масти, протеини и сл. Рибата е секогаш продавана како заштитник на срцето заради омега масните киселини… Важно е да се продаде производот а за штетните последици во тој момент никој не размислува. А штетните последици од нездравата исхрана, како што е дебелината кај децата, оштетување на зглобовите и коските во детската возраст, дијабет тип 2 во детската возраст, зголемениот крвен притисок кај децата, опстипацијата, алергиите и сл. ако не се појавиле и не се манифестирале во детската возраст, не значи дека не започнале да се развиваат. Нивната манифестација не доаѓа одненадеж, туку таа добро се подготвува уште во најраните години од животот на детето.
Дали современата медицина мисли дека воопшто нетреба да се ангажира околу исхраната на децата и сеуште да ја посочува единствено фармацевтска солуција за лекување на проблемите со кои се судруваат децата, почнуваќи од пубертетските акни, алергиите, анемиите, артритисите, астмата, артериски болести, крвави столици, непријатен мирис на телото, висок холестерол, колитис, опстипација, дијареа, дијабетес, замор, хемороиди, хипертензии, отежната дигестија, леукемија и лимфома, дебелина, мрсна кожа и коса, воспаление на средно уво, менструална дисфункција, предвремен пубертет, карциноми…???
Сите овие болести и уште многу други кај децата можат навремено да се спречат но и да се излекуваат со здрава исхрана.

ОД КАДЕ ДОАЃААТ ВАЖНИТЕ НУТРИТИЕНТИ

За да се охрабрат родителите и да се уверат уште еднаш дека здравата храна ги обезбедува сите потребни нутритивни компоненти за нивното дете, уште едно мало потсетување на некои клучни моменти:
1 – протеини има сосема доволно во Здравата храна. Во мајчиното млеко има само 5% од калориите кои се обезбедуваат од протеини. Во слаткиот компир има 6%, оризот 8%, компирот 10%, гравот 28%. Во растенијата се синтетизираат сите потребни есенцијални и неесенцијални аминокиселини потребни за функција на човечкиот метаболизам.

2 – калциум – овој минерал потекнува од земјата а во животните и човекот влегува преку растенијата. Затоа растенијата се најсоодветен извор на калциум за децата и нема потреба од пиење на животински млека заради обезбедување на калциум.

3 – омега 3 масни киселини – во детскиот период има нагло развивање на мозокот и масните ткива, и сето тоа е причина родителите да се загрижени дали детето прима доволно есенцијални масти со исхраната. Треба да се знае дека единствено само растенијата ги синететизираат есенцијалните масти, омега – 3 и омега – 6. Точно е тоа дека животните на пример рибите може да синететизираат поинакви масти како ЕПХ и ДПХ, но сепак, треба да се знае дека не само рибите и животните може да го прават тоа. Всушност и децата можат да синететизираат такви масти, затоа што и децата, односно човекот не е растение туку организам како и животните.

4 – железо – и железото потекнува од почвата а животните и човекот го примаат преку растенијата. Некои педијатри препорачуваат на децата да им се дава месо заради превенција па и корекција на анемиите. Таквата постапка во исхраната кај децата го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес тип 2, артериска болест, опстипација, хормонски дисбаланси, карциноми и друго. Од друга страна животинското млеко ја блокира апсорпцијата на железо во дигестивниот тракт и тоа е дополнителен фактор за да се развие анемија кај децата. Мајчиното млеко не ја блокира апсорпцијата на железо и не води до анемија. За да се избегне анемија кај децата потребно е да се хранат со здрава растителна храна и да се избегнува консумација на животински млека. Децата кои здраво се хранат немаат проблем со анемии.

5 – витамин Д – овој витамин не се прима со храна туку се создава под влијание на сончевата светлина. Затоа многу подобро е децата да стекнат добри навики во однос на нивното телесно здравје, да играат надвор барем по половина час или два до три часа неделно, со што ќе се избегне прекумерно седење пред компјурерите и оштетување на видот, р`бетниот столб и др. Се разбира дека и суплементите од витамин Д некогаш се потребни но мислам дека во сончеви краишта е навистина голема штета да се надополнуваат потребите од витамин Д со суплементи и да се игнорираат благодетите на природата, на сонцето и должината на сончеви периоди.

6 – витамин Б12 – овој витамин го создаваат бактерии кои живеат и во човечкото дебело црево па токму затоа овој витамин кој го создаваат бактериите во организмот, не може да се искористува. Во месото има витамин Б12, но заради неповолното индустриско производство на месото искористливоста на овој витамин од месото е дискутабилен. Затоа, строгите вегани треба да внесуваат суплементи на витамин Б 12 во количина од 5 микрограми днавно.

Ако исхраната на децата содржи доволно калории, тогаш нормалниот раст и развоја на децата е сосема обезбеден.На децата им е потребна енергија за раст и затоа количините на протеини, калциум и есенцијални масти не се лимитирачки фактори. Скробната храна е најадекватен извор на енергија. Со додавање на поконцентрирани калории како што се калориите од суво овошје, јатки односно ореви, семиња и покалорични овоштија, дополнително ќе го зајакнат внесот на калории кај децата. И овошните сокови се натоварени со калории и се добри за децата, со напомена дека сепак треба да се обезбеди добра хигиена на забите заради присуството на прости шеќери во соковите. Како и да е, калориите кои доаѓаат од растителната храна се побезбедни за развојот на децата. Со внес на големи количини животинска храна доаѓа до појава на повеќе здравствени проблеми во детската или подоцнежната возраст. Со внес на нездрава храна се поврзува и предвремениот пубертет кај децата кој заедно со себе носи и други комликации како што се бременост во пубертетска возраст, прекумерно лачење на естрогени кај девојчињата што се поврзува со хормонски нарушувања и пореметени циклуси како и појава на карцином на дојка во младоста или подоцна.

КАКО ТРЕБА ДА СЕ ХРАНАТ ДЕЦАТА СОГЛАСНО НИВНАТА ВОЗРАСТ И РАЗВИТОК

Новородени до 6 месеци од животот треба да цицаат мајчино млеко. Околу шестиот месец кај децата растат првите заби, што значи дека се подготвени за уште нешто во нивната исхрана. Тоа значи дека одтогаш треба да започне и координација на движењата на рацете, односно носење на храна до устата, што се разбира мора да биде како движење кое значи земање од раката на мајката и носење до устата.
Исхраната на мајката е многу важна во овој период, затоа што нејзината исхрана влијае на квалитетот на млекото кое новороденото го цица. Консумација на кравјо млеко од страна на мајката води до појава на стомачни колики кај новороденото. Јадење загадена храна од страна на мајката исто така дава негативни реперкусии кај доенчето. Земање лекови, алкохол и сл исто така влијае на доенчето.
За децата за кои е недостапно мајчиното млеко, важно е да се хранат со адаптирано млеко за доенчиња (хипоалергено вештачко адаптирано млеко), кое мора да го одобри педијатар.
Млеко од соја, млеко од овес, од јатки и слично не се млека со кои треба да се дои доенчето.
Ако мајката е коплетно на веганска исхрана треба да зема надоместок на витамин Б12 во количини од 5 микрограми дневно.

Децата од 6 месеци до 2 години, природно многу повеќе се наклонети кон слатките вкусови. Затоа првата храна која е додаток на доењето кое се разбира треба да продолжи и по 6 месеци треба да биде, варен ориз, пченка, овес, и други житарки како и компир и сладок компир. Исто така во исхраната треба да има и гмечено овошје како банана, јаболко, круша. Обарениот и испасиран зеленчук исто така треба да биде вклучен во исхраната како што е карфиол, брокула, спанаќ, додека мешунките како грав, грашок и сл. би требало да се вклучат меѓу седмиот и осмиот месец од животот.
Јатките би требало да се вклучат на возраст од околу една година, се разбира во мелена форма заради опасност од голтање на цела јатка и аспирирање на истата во дишните патишта. Доколку во фамилијата постои случај на алергија од кикирики или нешто друго, овие намирници би требало да се даваат со поголема предострожност.
На многу родители им е многу попрактично кашичките за деца да ги набавуваат во готова форма, односно во теглички кои можат да се набават од продавница. Сепак, многу подобро е свежото подготвување на храната, значи домашно подготвена кашичка, па затоа потребно е секој дом каде има дете на ваква возраст да располага со минимална опрема за тоа (блендер и мелница за храна). Ова го наведувам заради попрактично спроведување на целата оваа работа, со оглед на презафатеноста на родителите согласно современиот начин на живеење. Сепак тоа не значи дека подготвувањето на храната за детето треба да биде екстра брзо и „нервозно“ и не треба тоа да претставува некој вид оптоварување за родителите. Всушност подготвувањето на здрава храна за детето е еден од вистинските приоритети на живеењето и е многу поважно од било што друго бидејќи тогаш се создаваат навиките кај детето кои ќе го диктираат квалитетот на неговиот живот во иднина.

Децата од 2 до 10 години треба да се хранат почесто во текот на денот и да примаат повеќе енергија. Плодовите кои се богати со масти не би требало да се ограничуваат кај децата кои имаат адекватна физичка активност и нормален раст и развој. Оние деца кои се со прекумерна телесна тежина не би требало да консумираат многу плодови кои изобилуваат со масти, како што се јатките, семињата, маслинки и сл.
Децата во овој период би требало да стекнат наклоност кон житарките, и тоа да бидат оброци како потопена житарка, вафли, палачинки, тестенини како интегрални шпагети, интегрални јуфки, тост сендвичи од интегрален леб со веганска содржина, без употреба на маргарини или други концентрирани масти било од растително или животинско потекло. За подготовка на ваквите сендвичи би биле прикладни домашно подготвени кремови од јатки (бадеми, ореви, кикирики), за чие подготвување може многу да помогнат рецептите од кујната на 8-КА.
Мешунките во форма на чорби или салата, намази и слично треба да бидат постојано застапени во исхраната на децата.
Вниманието од страна на родителите во однос на исхраната на децата во овој период е од големо значење затоа што ова е период кога децата се изложени на постојана понуда на нездрави вкусови од страна на производителите и продавачите на брза храна која е многу лесно достапна во близина на школските дворови или пак во кругот на самото школо, во продавниците кои се блиски до местото на живеење, во рестораните кои стануваат синоним за омилени сендвичи за децата и сл.
Децата над 11 години обично немаат никакви проблеми со здравјето доколку од предходно биле навикнати на здрава храна и доколку создале навики на здрави вкусови. Но оние кои сето тоа го доживеале обратно од она што го опишавме предходно, можат веќе во оваа возраст да се судрат со првите симптоми на пореметено здравје, како што е дебелината, па се до форми на посилни здравствени пореметувања, како што се акни, проблеми со дигестија, опстипација проливи и слично, дијабетес, артритиси, разни кожни болести, кардиоваскуларрни пореметувања како висок крвен притисок, проблеми со астма и други белодробни нарушувања и сл. Во тој случај едукацијата и многу поголемото ангажирање за менување на лошите навик кај овие деца треба да изиграат клучен момент во обнова и заштита на нивното здравје. Тие мора најпрво да се одучат од лошите навики во исхраната а да се научат како да ги прифатат навиките кои ќе ги ослободат од здравствените проблеми. Тоа е комплексен процес кој треба да вклучи многу сфери на делување почнувајќи од педагошката област, социјална, стручно медицинска па и финансиска, што значи дека воопшто не е едноставна целата таа процедура на делување. Но како и да е, тоа е единствено правилно делување во смисла на вистинска помош и заштита на здравјето на младите луѓе кои имаат вакви здравствени проблеми и сето тоа треба да им биде совршено јасно на родителите кои повторно треба да ја играат главната улога во целата оваа работа.
Родителите па и постарите членови на фамилијата, бабите, дедовците, се тие кои треба да преземат акција токму сега. За жал многу луѓе остануваат перманентно слепи за важноста на исхраната на децата. Многумина воопшто не гледаат дека дебелите деца страдаат многу повеќе и трпат многу поголема болка од оние деца кои гладуваат. На дебелите деца им е потребна многу покомплексна помош од страна на родителите, институциите, па и државата отколку на децата кои се гладни. Јас не сакам да кажам дека е добро децата да гладуваат, всушност овде правам само една споредба на две страдања кај децата што не значи дека треба да се одбере помалото страдање, Јас сум за НЕСТРАДАЊЕ на децата и не само на децата туку на сите луѓе на земјата. Никој на земјата не треба да страда за храна но не треба да страда ниту од храна. Ниедна крајност не е добра. Најдобра е средината, а тоа значи доволно храна за сите, но доволно здрава храна. А доволно здрава храна на оваа планета има за сите, не е точно дека има недостаток на храна. Дури и да се дуплира бројот на населението може да има доволно здрава храна за сите. Она што недостасува е немање на вистински информации. Затоа многу од луѓето се во заблуда па мислат дека живеат во изобилие, односно богатство и за тоа се воодушевуваат и благодарат на Бога што не се од другата страна на светот каде што владее сиромаштијата и гладот. Токму затоа, богатите и „добро нахранети“ луѓе од развиените земји може да си дозволат и да градат убави, високи, големи добро опремени скапи болници, каде ќе можат да ја лекуваат својата среќа… Размислете малку околу тоа…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *