МОЖАМ ДА ПРЕСТАНАМ КОГА И ДА ПОСАКАМ…???

Дали вашиот живот се состои од навики кои прават зависност? Знам дека секој човек настојува да остане што е можно послободен, без здодевни и опасни навики кои го уништуваат квалитетот на животот. Но, сепак, скоро и да не постои човек кој нема некаква зависност, зависност кон нешто, кон некого…

Некои фармацевтски компании, па и некои здравствени работници, кои нудејќи ги своите лекови, постојано напомнуваат дека тоа се лекови кои не предизвикуваат зависност. Тоа зборувано и анализирано со фармацевтскиот речник би значело дека „кога ќе посакаш можеш да се ослободиш од лекот без никакви последици“. Ова е многу често нагласувано за лековите кои се препорачуваат како седативи или поедноставно кажано за лекови кои се препишуваат за смирување, за полесно заспивање, релаксирање, односно за психотропните лекови. Па дури и разните дроги кои се користат се класифицираат според тоа дали прават помала или поголема зависност. Но, кога се зборува со фармацевтски речник, претставата на луѓето за лековите, некако по правило добива поинаква слика на зависност, отколку кога за зависностите би се зборувало со секојдневниот речник. Сакам да кажам дека луѓето потсвесно мислат дека освен зависноста кон одредени лекови, нивниот живот е сосема ослободен од навиките да станува зависен од било што друго во животот.

А всушност целиот живот односно целата организација на живеење се состои во практицирање на навики кои стануваат зависност на личноста …

 

Начинот на исхрана е буквално состојба на зависност за најголем број луѓе во целиот свет. Всушност начинот на исхрана се состои од задоволување на навиките од одредени вкусови. Многу често ќе слушнете како некој за себеси зборува, дека тој е љубител на солено, друг вели дека сака многу слатко, трет дека не може без кисело, или пак може да се слушнат коментари дека не се може без сирење, без месо, без риба…

Паралелата меѓу зависностите од лекови и зависностите од храна која ја направив, е показател дека она што постојано прави одредени хемиски промени на организмот кои се повторуваат, прави навика односно зависност. И лековите но и храната, хемиски го менуваат организмот и организмот се прилагодува кон тие хемиски промени. Но кога велам дека организмот се прилагодува кон хемиските промени, тоа значи дека организмот само навикнува на нив и почнува да ужива во нив но тоа никако не значи дека сите тие хемиски промени позитивно влијаат на организмот. Всушност дали се тоа позитивни или негативни хемиски промени зависи од типот и природата на хемиските реакции и супстанции кои учествуваат во тие хемиски процеси.  Така, луѓето кои се навикнати на вкусовите на нездравата храна, постојано во својот организам претрпуваат штетни биохемиски процеси кои го закиселуваат и го повредуваат организмот. Тие луѓе иако го знаат тоа, односно иако имале можност и подетално да се запознаат со научните истражувања и докази кои ги потврдуваат овие факти, продолжуваат да консумираат нездрава храна затоа што тие веќе робуваат на нејзините вкусови. Многумина упорно бараат оправдување за тоа и се повикуваат на случаи каде ете некои луѓе, нивни познаници или најчесто нивни предци, јаделе исто како нив па живееле многу години и ништо не им било…

Целокупната индустрија за производство на храна се базира токму на можноста од создавање на навика, односно зависност на консументите од нивниот производ. Најчесто и најбрзо создавање зависност е кога се употребува повеќе сол во храната или рафинирани и концентрирани шеќери. Добро насолената или презашеќерената храна е храна која многу повеќе и многу побрзо ќе се прифати од консументите така што здравата храна која има малку но сосема доволно сол или шеќер, сега за „навлечените“ на овие вкусови ќе има блуткав и неубав вкус. Затоа, сосема е неважно и без никаков ефект дури и да се напише на амбалажата на нездравата храна дека тоа е храна која не е добра за здравјето, таа повторно ќе се купува и од неа добро ќе се заработува. Тоа е исто како со цигарите. Всушност „добронамерната“ индустрија за цигари постојано пишува на својата амбалажа дека од цигарите се добива карцином и прерано се умира, а сепак прави милијарди долари годишни приходи од продажба на своите штетни производи.  Во некои држави овие производи според нивните закони се обврзани да плаќаат и многу повисоки даноци, но и покрај тоа, производителите и трговците со нив „мува не ги лази“ и воопшто не се чувствуваат загрозени заради тоа.

Покрај солта, рафинираните шеќери и мастите се состојки на храната кои прават зависност кај консументите. Морам да кажам дека зависноста од масти е многу поизразена во однос на употребата на масла од растително потекло, маргарини, путер и сл. И покрај тоа што овие масти се подеднакво штетни за организмот како и животинските масти, за нив сепак повеќето луѓе имаат претстава дека се неопходни за нивното здравје. Маслата од растително потекло се концентрирани масни екстракти кои се 100% маст и немаат никакво позитивно дејство врз организмот. Кујната на 8-КА не користи масла.

На луѓето кои треба да се излекуваат од било која современа хронична болест, многу е лесно да им се објасни значењето на здравата храна, но она што е особено голема тешкотија е да се натераат тие луѓе да ги сменат своите навики на уживање во нездравите вкусови. Нашето досегашно искуство со програмата на 8-КА, посочува токму на важноста на овој факт, и на неопходноста од особено ангажирање во процесот на менување на лошите навики на болните. Едукацијата и подготвувањето на храната во кујната на 8-КА дава можност за многу полесно и многу „побезболно“ откажување на болните од навиката да јаде нездраво, од навиката да консумира премногу слатко, премногу солено, мрсно. Вкусовите од кои болниот мисли дека не може да се одвикне, како што се месото, рибата, сирењата, и сл. преку рецептите и храната препорачана од 8-КА стануваат веќе нешто кое на болниот воопшто не му недостасува. Со самиот неколкудневен третман болните не само што се ослободуваат од старите и штетни навики, туку тие стануваат вистински практиканти и едукатори на здравата кујна, но и на здрави животни навики. Болестите како што се дијабет тип 2, остеопороза, висок крвен притисок, високо ниво на масти во крвта, анемија, алергии, опстипација или дијареа,  автоимуни и дегенеративни болести, хормонски пореметувања, карциноми, гинеколошки болести, стануваат нешто со кое болниот почнува да се справува до конечно излекување и изградба на нова и здрава личност.

Животот навистина се базира на зависности. Но многу е важно какви зависности ќе изградиме односно на какви навики ќе го базираме нашето живеење. Ако зборуваме во целина и многу воопштено, можеме со право да заклучиме дека се е навика, целиот живот е навика, навика да спиеме, навика да дишеме, навика да јадеме. Сите тие навики се запишуваат во нашите гени и токму тие навики го овозможуваат живеењето. Начинот на исхрана е само навика. Исто така токму навиките го диктираат и квалитетот на нашиот живот. Затоа ние самите мораме да одбереме, со кои и со какви навики ќе живееме. Дали ќе живееме здраво и среќно или ќе живееме болно, напорно и несреќно, одлучуваме самите ние. Не се луѓето робови на гените туку се робови на лошите навики. За да бидете сосема слободни, ослободете се од лошите навики. 8-КА е создадена да помогне да го направите тоа многу полесно отколку што можете да замислите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *