ДОКТОРКЕ ДА ЗНАЕТЕ, ЈАС ЗДРАВО СЕ ХРАНАМ…!?

Кога ќе влезете во продавница каде има премногу производи, можете да направите многу лесно грешка во изборот на она што сакате да го купите. Преголемата понуда на производи денес мислам дека претставува вистинска „тортура“ врз луѓето. Можеби ќе помислите дека јас заговарам посиромашна понуда на пазарот што би претставувало уназадување на општествениот развиток… Не се работи за тоа, туку се работи за фактот дека денес во услови на прекумерна понуда на стоки и услуги, луѓето се ставени во ситуација на неконтролиран притисок врз нив што води до вистинска конфузија и дезориентација. Ваква состојба се случува и во понудата на совети за здрава исхрана што всушност претставува област каде се натпреваруваат најразлични брендови на храна и стручњаци кои ги нудат своите производи на најсоодветен начин, а се со цел да се дограбат до максимална заработка.
И кој е резултатот од сето тоа? Збунети и прелажани луѓе кои мислат дека прават нешто за нивното здравје, а всушност само помагаат болеста да се прошири или да се судрат со уште едно ново пореметување на функциите на својот организам.
Многу често се случува да дојде пациент кој се интересира за програмата на 8-КА и разговорот се обидува да го започне со:
Докторке, знаете, јас здраво се хранам…! Но не знам зошто и покрај тоа имам проблем со тежината, со крвниот притисок, со шеќерот во крвта…?
Обично го ислушувам докрај неговото образложение за тоа дека ете и храната не му помогнала да го реши проблемот, па затоа се обидува да дознае што уште треба да направи за да ја постигне вистинската цел …
Јас, кога ќе го погледнам пациентот знам дали тој здраво или нездраво се храни, не затоа што сум „видовита“, туку затоа што неговата појава односно самиот организам тоа го кажуваат. Ако здраво се храните, неможе да имате вишок килограми. Кога организмот ја добива вистинската храна, неминовно се продвижува кон идеалната телесна тежина. Токму затоа јас велам дека јас воопшто не сум некој посебен стручњак за слабеење, туку самиот начин на исхрана кој е препорачан во програмата на 8-КА води до идеалната телесна тежина.
Ако здраво се храните, неможете да имате проблеми со повишен крвен притисок, болести на крвните садови и срцето. Ако мастите во крвта се покачени тоа значи дека не се храните здраво.
Ако имате проблем со дијабет тип 2 значи дека не се храните здраво.
Ако имате проблем со остеопороза, со камчиња во бубрезите или камчиња во жолчката тоа значи дека не се храните здраво.
Ако сметате дека не сум во право, тогаш одговорете си на прашањето:
„Што доручкувавте ова утро?“
Ако одговорот е:
„Ништо не сум доручкувал/а“, тоа значи дека не се храните здраво.
Ако одговорот е:
„Кифла со јогурт“, значи дека не сте имале здрав доручек
Ако одговорот е:
„Овесни снегулки со јогурт“ исто така значи дека не сте имале здрав доручек
Ако одговорот е:
„Лепче со путер“, повторно не се храните здраво.
Ако одговорот е:
„Овошје до пладне“, повторно значи дека лошо се храните.
Што се однесува до другите оброци, ако за ручек имате посна турлитава светната со зејтин, значи пак нездраво сте јаделе. Ако сте јаделе посно пилешко месо или риба, повторно значи дека нездраво сте јаделе.
Замислете, сите овие оброци кои предходно ги набројав и уште многу други, луѓето претежно ги сметаат за здрави оброци и јадејќи така, мислат дека здраво се хранат. Вистината е дека не се хранат здраво и токму затоа имаат сеуште проблеми со здравјето.
Како ќе знаете дали ви се нуди здрава храна или не?
Внимателно анализирајте ги рекламните пораки. Доколку некој производ во некоја комерцијална порака ви се нуди како нешто кое ќе го излечи ова или она, не се залетувајте веднаш по него. Размислете и информирајте се. Факт е дека ниту еден производ не може да излечи болест. Не може на пример, млеко да излекува болест. Не може некој путер да излекува болест, да зацврсти коски и сл. без разлика на тоа дали е збогатен или не со витамин Д или со калциум. Не може некое масло да излекува срцева болест без разлика на тоа колку е закитено со епитети од типот на „здраво масло“. Не може ниту некој чај да излекува болест, без разлика на тоа што тој е многу сличен на некој класичен лек… Ако ги анализирате рекламите со кои се рекламира храна, ќе забележите дека скоро секој производ се нуди како лек. Тоа е така затоа што маркетингот знае дека луѓето се би дале за своето здравје, па така најдобро и најбзо го продаваат лекот. Затоа многу луѓе погрешно мислат дека месото е добро како извор на протеини и на железо, млекото е добро како извор на калциум, путерот е добар како извор на масти, маслата се добри како заштитници на срцето. Како резултат на таквите поединечни заблуди, човекот запаѓа во глобална заблуда, односно си мисли дека тој здраво се храни…
Дали некогаш сте помислиле колку животот би бил полесен кога не би требало да се заработува? Да, кога не би требало да заработуваат лекарите не би промовирале секакви лекови и истите не би ги рекламирале. Кога не би требало да се заработуваат пари, на пазарот не би се појавувале секојдневно производи на таканаречена „здрава храна“. Ако подобро размислиме, кога не би имале заработка од производите, дали би се произведувале истите…? Секако дека нема да се произведуваат. Ама како тогаш луѓето ќе живеат без нивната „здрава храна“??? Како знаат и умеат, нели? О, па тогаш всушност ќе исчезне и „грижата на производителите на здрава храна“ за здравјето на луѓето која е така добро покажана засега во нивната рекламна порака. Значи ако немаат заработка, производителите ќе престанат да ја произведуваат нивната „здрава храна“! Значи дека нивната грижа за здравјето на луѓето е лажна! Но, ако е нивната грижа за нашето здравје лажна, значи дека и рекламата е лажна. Па што прават луѓето секоја вечер гледајќи стотици рекламни пораки за производи на здрава храна…???
8-КА никогаш не нуди производи. 8-КА секогаш нуди едукација за тоа која е здрава храна а која не е. 8-КА посочува дека растителната храна е добра за човечкиот организам и тоа во нејзината изворна односно интегрална форма. Рафинираните производи и концентрираните масти без разлика што се од растително потекло не може да се нарекуваат здрава храна. 8-КА никогаш не посочува дека треба да купите вакво или онакво млеко, од оваа или од онаа фабрика, од овој или од оној бренд, да купувате од оваа или од онаа продавница… 8-КА само ги изложува фактите за тоа како треба да се одбира здравата храна.
8-КА не продава, 8-КА едуцира. По тоа 8-КА се разликува од останатите понудувачи на совети и производи.
Тоа е голема разлика. Програмата на 8-КА не е врзана за ниту еден конкретен производ и воопшто не е комерцијална. Тоа треба да е еден од патоказите по кои треба да се одбира она кое е навистина добро за вашето здравје. 8-КА е процес, процес на едукација за тоа што значи здрав животен стил.
Здравиот животен стил не може да се купи во ниту една продавница. Здравиот животен стил не може да се препише на рецепт и да се подигне од ниту една аптека. Здравиот животен стил едноставно… може само се живее, да се надоградува и усовршува. За тоа не се потребни пари, за тоа е потребен само отворен ум, затоа што впрочем здравиот животен стил не значи само здрава храна. Тоа е всушност многу повеќе од здрава храна. Тоа е ваш личен производ кој не само што не можете да го купите, туку не можете ниту да го продадете. Него едноставно, можете само да го живеете, без да заработувате. Но тогаш вие ќе немате ниту потреба да заработувате, затоа што сте ја заработиле вистината, односно животот.
И на крајот, ова воопшто не е реклама на 8-КА, затоа што 8-КА не е на продажба. 8-КА можете само да ја прифатите како пријател, без да платите ништо. Единствено што треба да направите е да го подарите и вие вашето пријателство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *