МАЛИ СЕМИНАРИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ МАЈСТОРСТВО ВРЗ ВАШЕТО ФИЗИОЛОШКО И ЕНЕРГЕТСКО ЗДРАВЈЕ

Услуга за сите Вие кои одлучивте да добиете контрола врз сопственото здравје. Како суштества кои живеат во социјална средина, императивно е да научиме мирно да пловиме низ хаосот што таа го претставува. Во спротивно, ќе бидеме жртви на психо-соматски заболувања предизвикани од стрес и не-целиисходните начини на справување со него.

Овие мали семинари ги предводи Си-Фу Предраг Петрески и на истите ќе научите да:

  1. Станете свесни за процесот на дишење
  2. Варијацијата на дишењето во стресни ситуации
  3. Одговорот на телото во стресни ситуации и како да се справите со нив
  4. Станете свесни за поврзаноста на здивот и физиологијата на телото со емоциите
  5. Како да ги негувате внатрешните органи, кои се всушност одговорни за Ваше оптимално здравје

Семинарите се одржуваат во кратки временски интервали, во групи со ограничен број на членови. Резервирајте го Вашето место на следниот семинар на 070 215 469.