logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Е-продавница

  • Книги
  • CD-a
  • Семинари
  • Членарина
  • Донации

Можете да платите со:

Плаќање со картички

Како функционира Програмата на 8-КА


  • ПРОГРАМ Др БИБАН и 8-КА

  • 1. Програм за здрава исхрана

  • 2. Програм за контрола на телесна тежина

  • 3. Програм за детоксикација и чистење на организмот

  • 4. Програма за чистење на кожата и против рано стареење

  • 5. Програма за спортисти

  • 6. Лекување со храна

8-ка сведоштва рецепти (видео)

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    Понеделник до Петок
    - 08,30 и 18,00 ч.

    РЕПРИЗА :
    Сабота и Недела
    - 11,00 и 20,00 ч.
    на СКАЈНЕТ ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • КНИГА :
    „ПРОГРАМ Д-Р БИБАН“ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ НА ГИНЕКОЛОШКИ БОЛЕСТИ“
  • Едукативна кујна - ЦД 01:
    „ВЕГАНСКИ ПЕЦИВА И ТЕСТЕНИНИ“
  • Едукативна кујна - ЦД 02:
    „СУПИ И ВАРИВА“
  • Едукативна кујна - ЦД 03:
    „ВАРИВА И САЛАТИ“
  • Едукативна кујна - ЦД 04:
    „НАМАЗИ И САЛАТИ“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Проект ПАРКИНСОН
  • Продукти
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Обраќање - Декември 2009

Почитувани пријатели, активисти и пoдддржувачи на 8-КА,

 

На почетокот на последниот месец од календарската 2009 година, сакам да ја  изразам мојата благодарност кон сите вас, кои безрезервно го поддржувате проектот 8-КА и лично придонесувате за негово унапредување и омасовување. Преку проектот 8-КА, кој интензивно заживеа после цензурата на емисијата 8-КА, која се случи истиов период минатата година, успеавме да изградиме нераскинливо партнерство во процесот на будење на човечката свест, да ја поставиме нашата цврста позиција за решавање на здравствените проблеми на луѓето денес, разоткривајќи ја притоа валканата бизнис игра на профитерите во фармако и медико бизнисот. Токму по таквиот наш однос проектот 8-КА се разликува од релациите на сите други, кои наводно се залагаат за заштита на здравјето на луѓето, но всушност во позадина на нивната „грижа“, лежат пари со кои се мери нивната сервилност и нехуманост.

8-КА изминативе години понуди силни и научно издржани објаснувања за причините за тешките хронични болести од кои страдаат милиони луѓе во светот, и истовремено посочи на вистинската медицина и вистинските методи во справување со истите. Сите вие, активисти и поддржувачи на 8-КА, активно придонесувавте и понатаму придонесувате на полето на разоткривање на заткулисните игри на профитерите преку манипулациите со човечкото здравје, и вашите сопствени искуства несебично ги поделивте со оние на кои им се потребни преки 8-КА.

8-КА е единственото Здружение, кое како Здружение за здравствена едукација и екологија, поинаку проговори за причините за ракот, се спротивстави на стереотипните изјави на стручњаците и водачите на здруженијата, кои наводно се борат против ракот, а притоа не нудат ништо суштинско и ново за решавање на тој здравствен проблем.

8-КА беше единственото Здружение кое проговори поинаку од другите и понуди аргументи за причините и третманот на таканаречениот свински грип, уште во текот на летото, организирајќи јавна трибина на таа тема.

Кога ја создадов 8-КА пред повеќе од четири години, јас бев само доктор специјалист по гинекологија и акушерство, кој после долгогодишна работа со пациенти и истражување во областа на гинекологијата, сакав да покажам дека најголемиот број гинеколошки болести, кои спаѓаат во групата на хронични пореметувања кај жената, се резултат на погрешниот начин на живот, погрешниот начин на исхрана, и истите не се лекуваат со лекови или со операции. Но, тогаш имаше само неколкумина во текот на работната недела кои не сакаа да се задоволат со таблета или само со совет за операција, туку бараа објаснување за нивната состојба и го прифаќаа мојот совет за нивна лична промена.

Денес, после четири години од тој почеток, ние од проектот 8-КА имаме над илјада поддржувачи и членови на нашиот веб сајт, над 10 000 посети на нашиот веб сајт месечно, Здружение со над двесте активни членови, повеќе илјади корисници на неделниот електронски весник на 8-КА, повеќе илјади редовни читатели на месечникот 8-КА.

Дали сме го одбрале вистинскиот пат?

Се разбира дека сме го одбрале. Но, факт е дека ако сме заедно, сме многу посилни!

Мораме секогаш да имаме предвид еден непобитен факт: побројни сме од оние кои не се добронамерни, можеби илјада спрема еден. Но сепак, тие се многу добро организирани и имаат многу повеќе пари и моќ.

Но, тоа не смее да не обесхрабри, затоа што нивната Ахилова пета е нашата способност да комуницираме меѓусебно и постојано да ја дознаваме вистината за нивните лаги и трговски игри.

Затоа, бидете секогаш со 8-КА, споделете ја со вашите пријатели и со сите оние на кои сметате дека им е потребна.

Не престанувајте никогаш да трагате по вистината за нашите генерации.

Пренесувајте ја пораката понатаму, до бесконечност, затоа што и нашиот живот значи бесконечност...

 

Засекогаш ваши,

8-КА и Д-р Бибан Јадранка

  • < Пред
  • Следно >



ПРОЕКТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПАРКИНСОНОВАТА БОЛЕСТ

  • ПРОЕКТ

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter
За добивање на месечен newsletter пријавете се со Вашата e-mail адреса:

  • КНИГА:
    „СПОЗНАНИЕ НА ИЗВОРОТ“
  • ЦД:
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

8ка има вкупно: 10643 членови
Број на гледања на артикли: 2334556

Пријатели на 8kа

ddhost

DrHauschka

8ka.com.mk © 2013. Сите права се задржани.

  • Македонски
  • English (UK)
  • Albanian
  • Serbian