ЗАВИСНОСТ, ОДНОСНО РОПСТВО,
НАСПРОТИ СЛОБОДА . . .

Периодот на празниците е многу добра прилика да се тестираме самите себеси за тоа колкава контрола имаме врз своето сопствено здравје или уште поточно кажано колкава контрола имаме врз себеси како личност.
Пред Новогодишните Празници бев повикана да гостувам во утринската програма на ТВ Алфа и да зборувам на тема „Храната за време на празниците“. Моето излагање беше во правец на тоа дека празниците не треба да значат губење на способноста да се контролираме себеси и своето здравје и да јадеме се и тоа во преголеми количини... Мојот став во однос на темата беше остро искритикуван од страна на еден гледач, но морам да го кажам и тоа дека на мое големо задоволство во програмата се вклучија и други гледачи кои го подржаа моето излагање и сугестиите кои ги дадов...
На 1-ви Јануари бевме сведоци на извештаите во ТВ дневниците кои укажуваа на преголемиот број луѓе кои заради преголема консумација на храна и алкохол завршиле на Клиниката за Токсикологија и на Ургентниот Центар во Скопје и другите градови во Македонија. Некако по правило луѓето знаат дека алкохолот е нешто кое создава зависност кај луѓето, но многу помалку луѓе знаат дека и храната создава зависност, исто онака како и алкохолот, па оттука воопшто не ме изненадува негативната реакција на некои луѓе кон моите ставови за тоа дека без разлика на тоа за каква прилика се работи, подобро е да се „остане трезен“, односно да се има контрола над она што се внесува во устата. Но со ова не сакам да кажам дека не ги разбирам луѓето кои ја изгубиле таквата контрола . . .
. . . повеќе
РЕЦЕПТ: 33%
Видео . . .

РЕЦЕПТ: ХУМУС
Видео . . .

ТВ СЕРИЈА „8-КА ЅВЕЗДИ“ НА ТВ АЛФА
- Раб. ден. од ПОНЕДЕЛНИК до ПЕТОК: 09,45 ч.; 11,35 ч.; 15,10 ч.;
- Викенд САБОТА (р)- дел 1: 12,00 ч. и НЕДЕЛА (р)- дел 2: 11,30 ч.
|