Д-р Јадранка Бибан е основач на програмата „Д-р Бибан“ која е едукативна програма во траење од 28 дена.
Пациентите се едуцираат како да ги воведат и да ги практикуваат новите животни навики пред сè исхраната со што постигнуваат значително подобрување на нивното здравје.
Резултатите од практикување на програмата се гледаат во стабилизирање на нарушените биохемиски процеси во организмот, што се потврдува со стабилизирање на биохемиските параметри во крвта, со намалување на вишокот телесна тежина, но најважно од сè, со бенефитот од повлекување на посериозните болести со континуирано намалување и ослободување од лековите.